СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат, а земаат хонорар од 15.000 денари

by Fokus

Бојкотот, деструкцијата и делувањето спротивно на интересите на граѓаните што криминалната ВМРО-ДПМНЕ го спроведува во Советот на Општина Прилеп, се потврда за безидејноста и очајот во којшто се длабоко заглавени, реагираа од СДСМ од Прилеп.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на Советот на Општина Прилеп, а бесрамно го земат советничкиот хонорар од околу 15 илјади денари. Исто како и на пратениците од нивната партија, на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку единствено се грижат за сопствените џебови. Побегнаа од седницата на Совет кога се обезбедуваше објект за стотина деца од Прилеп кои боледуваат од церебрална парализа! Не гласаа и немаа слух за потребите на овие деца и нивните намачени родители – истакна Валентин Божиновски.

 

 

Поврзани новости