905
Се се’ менува, само ВМРО-ДПМНЕ останува во истата партија со истиот начин на однесување на нејзините претставници.Советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Кисела Вода пукал со огнено оружје на веселба, соопштија од СДСМ.
-Не само што е спротивно на законите туку советникот ја загрозува безбедноста на граѓаните, а ги вознемирува жителите на Кисела Вода.Токму тоа се прави во куќата на советникот кому граѓаните му ја дале довербата да се грижи и да ги заштитува нивните интереси.Тоа е вистинското лице на следбениците на Груевски, посочуваат од партијата.