СДСМ: Согласно Уставот, го предложивме Заев за мандатор

by fokus

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев.

–  Со оглед на истекот на уставните десет дена после конституирањето на Собранието, од страна на Претседателот на државата до Коалицијата Можеме беше побарано известување за предлог за кандидат за мандатор за состав на Владата на Република Северна Македонија. Од страна на СДСМ и Kоалицијата “Можеме”, согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатор е предложен Зоран Заев, претседател на СДСМ, соопштија од СДСМ.

Мандатот за составување на Владата, претседателот Пендаровски ќе му го врачи на Заев утре во 12 часот во претседателската Вила Водно.
– Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, соопшти претходно денеска кабинетот на претседателот на државата.

Поврзани новости