371
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска истакна дека предизборно се правеле и списоци за делење на социјална помош, со цел купување на гласовите на сиромашните.
-Нечовечки манипулираат со примателите на социјална помош. Предизборно се прават списоци за исплата, односно министерката Гордана Јанкулоска има разработена шема како да се придобиат гласовите на Ромите од Куманово. А, за глас се ветувале и вреќи со брашно, рече Заев.
На еден од објавените разговори министерката Јанкулоска вели дека треба да бидат внимателни со Ромите од Куманово, бидејќи нив ги држел градоначалникот Зоран Дамјановски- Циц.
-Треба внимателно, циганите може да не издадат. Каде што сме сигурни дека не може, да не се изложуваме, заклучува Јанкулоска.