„Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ, со Силјановска изолација и враќање назад. Тоа е изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори“ соопштуваат од СДСМ.
Оттаму велат „Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре“.
„Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува. Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“ е партискиот став.