СДСМ: Со лажни анкети му даваат лажна надеж на Мицковски, рејтингот на ВМРО драстично паѓа

by Fokus

Соцвијалдемократскиот сојуз денес реагираше дека лажни анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго освен лажна надеж  за нивниот претседател Христијан Мицковски.

„По сите релевантни анкети како поминува времето рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ драстично се намалува, градоначалниците од оваа партија се најголемо разочарување, Мицкоски менува ставови секој ден а Левица го зема опозицискиот примат.  Една таква анкета беше објавена пред неколку дена. Оттука, јасно е дека на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна нова лажна анкета за нова лажна надеж за Мицкоски“, соопшти СДСМ.

Оваа реакција следеше откако беше објавена анкета на Институтот за политички итсражувања, според која на прашањето во кој политичар имате најголема доверба, граѓаните најмногу одговориле дека му веруваат на Мицковски. Според оваа анкета дури една третина од анкетираните рекле дека никому не вериваат.

„Анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатата година. Ниту фактот дека Мицкоски нема став за ниту едно важно прашање. Граѓаните знаат како се спроведуваат нарачаните анкети. Исто како што знаат дека овој институт и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи. Напротив“, соопшти СДСМ.

СДСМ потсети дека медиумите објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институции во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство и  други.

„Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски кој никако да одговори за што е: за ЕУ или за Левица“, соопшти СДСМ“

Поврзани новости