СДСМ со кривична пријава против Груевски за ПИ мерките од кабинетот

by Фокус

Претставници на СДСМ денеска во во Јавното обвинителство ќе поднесат кривична пријава против премиерот Никола Груевски за неовластено снимање и прислушување.

Пријавата следи откако видео снимки кои беа објавени во провладините медиуми наводно преку каналот „Јутјуб“ на кој јасно се гледа дека е сниман разговорот помеѓу премиерот и опозицискиот лидер Зоран Заев во владината зграда. Од СДСМ велат дека е сторено кривично дело оддавање службена тајна доколку снимките се прибавени со посебни истражни мерки на барање на Обвинителството. Наспроти нив, вчера Груевски изјави дека тој побарал ПИ мерки од Јавното обвинителство за Заев.

Поврзани новости