ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија во долгогодишно политичко и финансиско заложништво на друга држава. Кредитот кој во четири очи Мицкоски го договорил со Орбан не е никаков поволен ниту потребен финансиски инструмент. Тој е политичка одлука која е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ.
Со овој кредит, како што велат од партијата, долгот на државата ќе отиде над 65% што е спротивно на мастришките критериуми, но и спротивно на законот за буџети.
„ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно ја труеше јавноста од опозиција како државата била презадолжена, сега планира само со една политичка одлука во свој интерес, да ја задолжи земјата до гуша. Фактите и условите за овој кредит, говорат дека тој воопшто не е ниту подобар ниту поповолен од кредитите кои ги имаме на располагање од реномираните и контролираните меѓунардони финансиски институции.
За овие 500 милиони евра кредит од Бумпешта, граѓаните ќе треба да вратат над 150 милиони евра камати од кои само во првите три години над 50 милиони. Ова покажува дека кредитот е далеку од поволен.
Ние веќе користиме кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5% каматана стапка. Значи имаме кредит од реномирана институција кој е поповелн за стопанството. Во моментов стопанството има на располагање кредити со каматна стапка под 3%. Шти занчи дека поволноста на овој кредит е огромна лага. Одлуката е политичка, а не финансиска“ велат од СДСМ.
Од партијата бараат итно повлекување на ВМРО-ДПМНЕ од оваа идеја и започнување преговори за финансирање од проверени и контролирани извори.
„СДСМ бара Собранието да ја отфрли во целост оваа идеја и да не дозоволи државата да падне во политичко заложништво и вечен должник на друга држава. СДСМ бара меѓународните институции итно да реагираа на оваа намера и да се произнесат по однос на оваа одлука која трајно ќе го смени курсот на земјата и стратешките позиции“ се вели во партиското соопштение.