Владејачката СДСМ со контра-обвинување „одговори“ на денешното објавување на плати на неколку функционери од страна на ВМРО-ДПМНЕ
-Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ. Додека бил советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но дури по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога минималната плата беше 8.000 денари, Мицкоски земал речиси 100.000 денари плата од ЕЛЕМ.
Покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.
За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто.
По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните, велат од СДСМ.
Од партијата не коментираат за висината на платите на актуелните функционери.