92
Христијан Мицкоски потврди дека ДПМНЕ сака целосна блокада на европскиот пат на државата, обвини СДСМ.
„Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години, потврди лично Мицкоски, пред целата македонска јавност, во интервју за “360 степени“.
Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина, која мора да биде поразена. Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.
Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ. Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација“ порачаа од владејачката партија.