Вистината излезе на виделина, Мицкоски е фатен жив во неговите лаги, реагираат денеска од СДСМ за вчерашните снимки во кои се слуша како Христијан Мицкоски и Зоран Милески – Кичеец договараат соработка за претседателските избори во 2019 година.
-Кичеец бил извршител на Мицкоски, се среќавале често и тој одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и Кичеец активно и директно комуницирале, очи в очи, но и преку телефон, не преку „Петко и Станко“ како што вели самиот Мицкоски. Кичеец бил ангажиран лично од Мицкоски. Во изборни цели за претседателските и локалните избори во Охрид во 2019 година.
Потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за случајот познат како „Рекет“.
Оваа снимка фрла вистинско светлина на случајот „Рекет“ кој очигледно води директно до Белиот дворец до ВМРО-ДПМНЕ и до Христијан Мицкоски, се вели во партиското соопштение.