СДСМ: Следува прочистување на правосудството, силна ефикасна правна држава е приоритет за Владата

by Fokus

Приоритет на новата Влада предводена од СДСМ е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител, се  наведува во партиското соопштение.

-Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите, а судството мора да се прочисти, за чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот, порачуваат од владејачката партија.

Од СДСМ, исто така, уверуваат дека судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.

-Ќе биде извршена темелна ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор, се додава.

Социјалдемократите во продолжение порачуваат дека „следува разрешница“ на сите предмети кои ги отворени веќе избламираното со коруптивни скандали и пристрасност негогапшното Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

-За граѓаните, за иднината на државата важно е да се функционира силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата. Затоа, обезбедуваме систем на прочистување на судството, за никогаш повеќе да не се избираат судии од нечиј тефтер, да не се носат судски пресуди по телефон, а политичари да диктираат обвиненија. Денес сите се еднакви пред законот и секој кој ги прекршува законите, се соочува со одговорност, уверуваат од СДСМ.

Поврзани новости