Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ, соопшти лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски прогласувајќи победа на нивниот кандидат во оваа општина.
-Драги сограѓани, ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба. Ви честитам и вам, и на Медат Куртовски за изборот за градоначалник. Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на владејачката коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам #СДСМ и оваа европска коалиција. Значајна е затоа што ги потврдува исправните, вистински политики.
Испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори денеска, рече тој.
Според официјалните информации објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од досега преброените гласови Куртовски освоил 70,54 отсто од гласовите додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери освоил 25,40 отсто од гласовите.