СДСМ: Скопје се гуши во ѓубре

by Фокус

Со ВМРО-ДПМНЕ на Скопје постојано му се случува нов хаос, овој пат со ѓубрето, велат од владејачката СДСМ.

„Наместо развој и модернизација како што Христијан Мицкоски ветуваше пред граѓаните кога ја бараше поддршката, на главниот град постојано му се случува нов хаос, одново и одново. Овој пат ДПМНЕ создаде хаос со сметот, Скопје се гуши во ѓубре. ДПМНЕ треба итно да преземе нешто, да се надмине проблемот и да се обезбеди функционалност на ЈП Комунална хигиена. Скопјани ваков однос не заслужуваат. Скопје ова не го заслужува“, порачаа од СДСМ.

Поврзани новости