Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема управувањето со Град Скопје, градот буквално се распаѓа. Нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град заради пропаднатите бизнис зделки меѓу Мицкоски и Данела Арсовска, обвинија од СДСМ.
„Последната несреќа со неисправен автобус на ЈСП само потврдува во каква ужасна состојба е градот и претпријатието, но ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега ни малку.
Да биде иронијата уште поголема, во моментов нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обвинува, дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат набавката на нови автобуси за градот.
Има ли поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се? Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес во набавката.
Како што му тргнало на Мицкоски со виртуелните инвестиции, се надеваме дека ќе најави и нови 250 автобуси кои ќе ги донесе од посетата на САД“ порачаа од опозициската партија.