СДСМ: Скандалозна е најавата на Арсовска дека нема да ги заврши мостовите

by fokus

СДСМ денеска повторно реагираше на одлуките на градоначалничката Данела Арсовска за поништувањето на проектот за „Бас рапид транзит“ (БРТ) системот нарекувајќи го овој потег скандалозен, но уште поскандалозна на нарекоа најавата за прекинување на изградбата на двата моста на булеварот АСНОМ во Аеродром кон Гази Баба и на тој на улицата „Љубљанска“ во Карпош.

-Мостот на АСНОМ веќе е во поодмината фаза и сè што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува и го намалува сообраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба. Мостот на ’Љубљанска‘ има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош но и за Центар. Ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци. Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска, покажува неспособност на штета на интересите на граѓаните, на штета на идниот развој на Град Скопје“, изјави денеска Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ.

 

Поврзани новости