Скандалозен и дискирминирачки е вчерашниот настан каде во автобус на ЈСП Скопје му бил забранетo влез на лице со попреченост, кое било придружувано од неговото сервис куче, реагираат од владејачката партија.
„Тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува. Во изминатите четири години и на локално и на централно ниво, реализирани се низа мерки и политики за унапредување на статусот на лицата со попреченост.
Се намали границата за лична асистенција за лицата со попреченост, со цел овие лица полесно да ги извршуваат секојдневните обврски и да бидат активно вклучени во секојдневниот живот, се изработи аудио читач за лицата со оштетен вид, се градат инклузивни градинки а многу објекти на институции станаа подостапни за лица со телесен инвалидитет“, се наведува понатаму во соопштението.