Во текот на изминатите два месеци сведоци сме на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како го крева патриотскиот занес и без срам се фали со „проекти и инвестиции“ кои Владата на СДСМ ги започна и реализира. Срамно е да се живее од туѓи успеси и со празни зборови да се кријат сопствените неуспеси. Последната инвестиција на германската BMZ е последната од низа инвестции целосно сработени од СДСМ кои Мицкоски се обиде да ги прикаже како свои, па откако јавноста реагираше, тој конечно мораше да признае дека инвестцијата е донесена во времето на СДСМ, а потпишана од тогашниот Вицепремиер Фатмир Битиќи, соопштија од СДСМ.
„Она што СДСМ го остави зад себе, тие сега го користат како параван за да го прикријат својот недостиг од визија, неспособност за водење и неможност да обезбедат каков било вистински напредок. Претходно Мицкоски се пофатли и фрли неколку лопати на проекти исто така целосно реализирани од СДСМ како: инвестицијата на компанијата „EPSOTECH, новата инвестиција на компанијата „Вабтек“, најавената инвестиција на „Алказар енерџи“…
Наместо да работат на нови проекти и вистински промени, тие се занимаваат со рециклирање и лажен ПР со нашиот труд. Јасно е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема идеи, нема план, нема визија. Ако не можат да создадат нешто свое, барем нека имаат доблест да признаат чиј труд го присвојуваат. Но, нивниот менталитет е таков – без трошка доблест, без трошка одговорност. Секој ден сведочиме на нова прес-конференција, нови пофалби за туѓи успеси, и, за жал, сè помалку работа во интерес на граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со евтините пропагандни манипулации и да се фокусира на она што е навистина важно – решавање на реалните проблеми на граѓаните. Народот бара решенија, а не празни зборови и украдени заслуги“ порачаа од партијата.