Поради „системот“ на Никола Груевски од Македонија си заминале над 600.000 граѓани, најголем број млади, според податоците на Светска банка, тврди СДСМ.
– „Системот“ на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните…Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се над 21.000 домашни фирми коишто поради „системот„ на Груевски не можат да работат. Единствени „отворени врати“ во „системот„ на Никола Груевски има за криминалот и корупцијата во врвот на власта, којшто со години цвета а партизираните институции воопшто не постапуваат. Хибриден режим е најдобра дефиниција за „системот“ на Груевски кој ја уназади Република Македонија- тврдат од СДСМ.