СДСМ: Силјановска збунета гласаше против Фазлиу затоа што во Собрание треба да влезе Албанец?

by Frosina Fakova

Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска денеска во Собранието направи скандалозен преседен во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните, реагираат од СДСМ.

– Со гласањето против верификацијата на мандат на пратеникот Бедри Фазлиу, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска денеска во Собранието направи скандалозен преседен во историјата на македонската демократија, чин директно спротивен на демократската волја на граѓаните. Неодговорно, антидржавно и крајно опасно е пратеник во Собранието да гласа против верификација на мандат освоен на фер и демократски избори и потврден од ДИК, притоа очајно правдајќи се дека се збунила. Тоа е незериозен и аматерски однос кон Собранието, кон пратениците и кон граѓаните. Дали Сиљановска гласаше против само затоа што во парламентот треба да влезе граѓанин Албанец или свесно отиде против волјата на граѓаните изразена на фер, слободни и демократски избори, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека Силјановска не гласала против верификацијата на мандатот на Фазлиу, туку против процедурата по која СДСМ тоа го прави.

-Денеска, СДСМ верификува мандати спротивно на Деловникот за работа на Собранието, член 17, кој јасно вели дека верификацијата на мандатите за оние кои ќе станат пратеници од листата на кандидати во остатокот од мандатот Собранието ја врши на првата наредна седница, врз основа на извештајот на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, а не по предлог на Верификациската комисија, како што тоа денес го прави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости