СДСМ: Силјановска не знае колку војници има Армијата, а сака да стане врховен командант

by fokus

Од СДСМ велат дека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата.

-Кандидатот на Христијан Мицкоски, Сиљановска, не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командант на вооружените сили. Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.

Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите.

Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.

Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата.

Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси.

Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости