Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска молчи за тоа што шефот на нејзиниот штаб Игор Јанушев е дел од истрага на Специјалното јавно обвинителство наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси, велат од СДСМ.
„Молчи Сиљановска и за тоа што во време на владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ таткото и сестрата на Јанушев се вработиле во ЦУК, односно МВР. Сиљановска молчи затоа што и самата е симбол на непотизам и транзициски политичар, бидејќи додека била министерка во првата политичка влада во независноста таа била министерка, а токму тогаш нејзниот сопруг добил бизнис со фри шоп. Гордана Сиљановска, која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, е поддржана токму од личности кои се правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок како Игор Југ и Јане Ченто. Покрај осудени насилници и криминалци, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници како Јохан Тарчуловски. Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата“, соопштија од СДСМ.