СДСМ: „Што славите ВМРО ОКГ?“ – обвинувања за состојбата со водата во Гостивар

by irena 20:07
20:07

СДСМ обвини дека Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар вечерва одржува партиски настан по повод годишнината од основањето, додека граѓаните, како што велат од партијата, сè уште се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето.

„Што славите? Тоа што го отрувте цел град? Тоа што пет недели нема вода? Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење?“, праша Бојан Зафироски, претседател на ОО СДСМ Гостивар.

Од СДСМ тврдат дека вода за пиење била пуштена без јавно објавен документ и анализа со која би се потврдила нејзината безбедност. Зафироски обвини и дека премиерот Христијан Мицкоски не дошол во Гостивар во изминатите пет недели.

„Граѓаните со празни шишиња, без вода, а вие на партиски прослави. Сега со што ќе наздравите вечер додека славите?“, порача Зафироски.

Тој посочи дека Гостивар и денеска повторно останал без вода и оцени дека ситуацијата бара одговорност, а не, како што рече, „циркуз и партиски прослави“.

„Треба да одговарате, а не да славите! И ќе одговарате, доаѓа и тоа време“, порача претседателот на гостиварскиот општински комитет на СДСМ.

Слични вести