-Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии. Денешната негова изјава доликува на дил ориентед политичар каков што е Груевски, кој од очај стана мета на потсмев, реагираат од СДСМ на денешниот предлог на Никола Груевски за 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите со цел да се обезбеди стабилна влада.
Од СДСМ велат дека стабилна влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, на коишто граѓаните без закани и уцени ќе ја изразат својата волја.
-Никола Груевски нека им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го поддржаа и СДСМ и останатите политички партии, Македонија да биде една изборна единица. Можеби, дека му се растура шемата на крадење избори?, прашуваат од СДСМ.