804
Што крие Христијан МИцкоски од средбата со Кирил Петков, прашуваат денеска од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се појавил на партиската трибина насловена „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“, која се одржува неколку дена по првата посета на новиот бугарски премиер на Скопје.
„Наместо лажни конструкции и рециклирани обвининувањa, јавноста денеска очекуваше на трибината на ВМРО-ДПМНЕ да се појави Христијан Мицкоски и да одговори на прашањата за кои молчи со денови. Дали Мицкоски на бугарскиот премиер Кирил Петков му ги постави прашањата кои ги нарачуваше од медиумите? Што кријат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од средбата со Петков? За што се зборувале на таа средба“, прашуваат од СДСМ.