Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ има неподмирен долг од 400 илјади евра за претседателската кампања на Гордана Силјановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати. Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Силјановска?, реагира владејачката СДСМ со партиско соопштение по проверката во три фирми на кои им должи ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е класично кршење на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата треба се покријат исклучиво од средствата на сметката за кампања. Истрагата за оваа афера треба да даде одговор на сите прашања како и на тоа кој треба да понесе одговорност за овој скандал. Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ? Овие одговори треба да ги даде истрагата, која ќе објасни повеќе за врските меѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која се уште е раководена од Будимпешта“, се вели во партиското соопштение.