СДСМ: Сега е време на одговорност, заемна почит и помош во борбата против коронавирусот, секој човек е важен!

by Fokus

Денес го живееме времето кога сите ние сме еднакви пред предизвикот заеднички да се бориме со опасниот вирус од кој е погоден речиси целиот свет и воедно е  време кога треба  да се покаже вистинска колективна одговорност, заедничка акција и солидарност. Затоа што само така, сите заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот, порачуваат од Социјалдемократскиот сојуз.

-Со цел да им се помогнеме на институциите, на јавното здравство, секој преку свој пример и  преку лична одговорност Владата и надлежните министерства постојано апелираат да се  остане дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце. Граѓаните да ги слушаат препораките и да останат дома, затоа што така си помагаме и себе си и на другите. Ситуацијата во светот е многу тешка, тажна и страшна. Заразата не бира кого ќе го нападне. Таа ги напаѓа сите луѓе. Во Италија има огромен број на жртви, а многу тешко е и во Шпанија, велат од СДСМ.

Во партиското соопштение порачуваат дека е потребно е и младите да ја разберат сериозноста на  ситуацијата и да ги прекинат собирите,затоа што вирусот може да биде многу опасен за најблиските, за родителите, бабите, дедовците, за луѓето кои многу потешко би се избориле со болеста.

-Благодарение на медиумите со своето одговорно и професионално однесување денес имаме информирана јавност.Сега е време на одговорност, заемна почит ипомош во справување со коронавирусот. Затоа што секој живот е важен и секој човек е важен!Ова се тешки времиња, но затоа тука е државата преку пакет економски мерки да им помогне на компаниите,на граѓаните.Нашата татковина е во кондиција да  обезбеди најголема помош по глава на жител споредено со земјите од соседството.Само сите заедно, сплотени ќе  го  победиме невидливиот непријател и заедно ќе се справиме со сите економски последици, се вели во соопштението.

Поврзани новости