Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем со приемот на Ковид пациенти на кои што име потребен респиратор на интезивна нега во Инфекстивната клиника, веќе попладнево, за жал, имаме смртен случај, соопштија од партијата.
„Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, а не била примена ниту на Карил по што починала. Ова е скандал за кој мора да има одговорност! Итно мора да излезат директорите на Карил и Инфективна клиника и да одоговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот?
Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат. Исто така, бараме министерството веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника. Ова е прв случај, но може многу лесно да имаме нови жртви“, велат од СДСМ.