СДСМ се придружува на протестите пред Уставен

by Фокус

СДСМ ќе се приклучи на граѓанскиот протест пред Уставниот суд со цел да се спречи укинувањето на Законот за помилување со што на претседателот Иванов ќе му се овозможи да помилува лица одговорни за изборни нерегуларности. СДСМ неколку седмици повикува судиите Гошева и Јосифовски да поднесат оставки од функциите затоа што имаат конфликт на интереси- нивни роднини од семејството се директно поврзани со владејачката ВМРО ДПМНЕ.

-Македонија не смее да молчи. Да не дозволиме да се урнат темелите на правото и правната држава. Да не дозволиме простор за амнестија на криминалците. Повикувам на одбрана на Уставот, на одбрана на правдата и на вистината. Ве повикувам вас граѓани, професори, лекари, работници, новинари, возачи, градежници, наставници, земјоделци, студенти и пензионери. Ве повикувам вас заедно да застанеме во одбрана на Уставот и уставниот поредок на Македонија. Утре граѓанската и индивидуална свест нека го води маршот од пред Влада, преку Собрание се до Уставен суд. Сите под знамето на Македонија, заедно за демократска Македонија – истакна Заев.

Граѓанскиот марш ќе започне во вторник во 18 часот, а ќе продлжи со бдеење пред Уставниот суд, каде во среда ќе се чекаат уставните судии. Иницијативата дојде од граѓанската платформа „Ајде“, која повикува на одбрана на Уставот од уставните судии и на спречување на криминалот што дел од нив го прават.

Маршот од Владата ќе продолжи пред граѓанската канцеларија на Иванов, пред Собранието и ќе заврши пред Уставен суд.

 

Поврзани новости