537
Опозициката оцени дека одлуката на владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје да да го ослободи инвеститорот „Амадеус груп“ од плаќање комуналии за барокна зграда на плоштадот Македонија во вредност од 150.000 евра е криминална.
– Предупредувавме дека се работи за државен рекет, односно дека многу брзо од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето со градба на т.н. Шпански скали на негова сметка. Денеска граѓаните се сведоци дека на инвеститорот наводно одеднаш му текнало и решил од сопствени средства да изгради Шпанските скали. Да немаме никакви дилеми дека ова му текнало на криминалецот Никола Груевски – рече потпретседателот на социјалдемократите и воедни советник во Град Скопје, Дамјан Манчевски.