Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.СДСМ ги слуша луѓето, не гази врз нив. СДСМ учи од грешките. Постојано се менуваме и ги поправаме грешките за да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Ние сме демократска партија која се менува после критика, велат од СДСМ.
„СДСМ од понеделникот влезе во процесот на унапредување на комуникација со граѓаните и на тој начин стануваме уште подостапни за народот и ги зајакнуваме механизмите за брз одговор на сите потреби. Од овој момент, постапуваме по насока која ја дава народот. Да се обединиме и да го дадеме гласот за напредокот на државата. Во вториот круг сме во 40 општини меѓу кои и Град Скопје.Токму Скопје ја влече државата напред. Скопје е наше, на сите. Пред се на скопјани, но и на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и другите. Напредокот е невозможен ако Скопје продолжи назад.Гласот за СДСМ на 31 октомври е глас за живот во слобода и демократија, со власт која слуша и се корегира, а не со режимска власт пред која народот молчи – велат од партијата.