СДСМ: Сарказмот на Рама е познат, но никогаш не е насочен кон нашата земја

by fokus

Денеска ВМРО-ДПМНЕ се обиде да извртува иронична изјава на премиерот на Албанија, чиј сарказам е познат во јавноста и се однесува на блокадата на Република Бугарија и односот кон процесот на проширување на ЕУ, реагира владејачката СДСМ за барањето оставка од страна на опозициската партија, откако беше објавена снимка на која Рама се шегува и го претставува премиерот Димитар Ковачевски како премиер на западна Бугарија.

-Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив. И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија. Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста, стои во реакцијата на партијата.

Поврзани новости