Само Мицкоски и неговиот коалициски партнер Апасиев се против ЕУ. Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите, реагираат од владејачката СДСМ.
„Единствените кои се против ЕУ, во фаза кога ги започнуваме преговорите и скринингот се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.
Криминалната антиевропска коалиција го бара спасот за својата политичка кариера само преку блокади и назадување, на државата. За среќа, со ваквите очајни потези само дополнително се бетонираат во опозиција каде ќе останат долго време. Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и наша обврска како сериозна државотворна партија е на брза лента да се движиме напред.
Што поскоро разберат Мицкоски и Апасиев дека никој не ги поддржува нивните ретроградни политики, тоа подобро за нив и нивните политички кариери. Северна Македонија веќе не запира, а проблемите кои сакаат да ги вратат на маса прорускиот Апасиев и бранителот на криминалот, Мицкоски, нема да се случат“, велат од СДСМ.