СДСМ распиша внатрепартиски избори, член со петгодишен стаж може да конкурира за лидер

by Фокус
Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница заклучил дека процесот на ажурирање на членството тече одлично и дека се создадени сите услови за одржување на првите внатрепартиски избори.

Како што информираат од партијата, ЦО донел одлука на 21 март оваа година да се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.

Во оваа насока, од СДСМ велат дека утврден е Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесена е одлука за формирање на Централна изборна комисија за спроведување на внатрепартиските избори.

„За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата (Претседател, Заменик претседател, член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор на партијата)“, соопштија од партијата.

Во своето обраќање, лидерот Зоран Заев посочил дека процесот на непосредни внатрепартиски избори ја става СДСМ во врвот на најмодерните партии на светско ниво.

-Горди сме што сме пример и што водиме напред во многу државни но и партиски процеси. СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество. На овој начин ќе поттикнеме поголема демократија во државата, но и други партии во нашата – рекол Заев.

Генералниот секретар, Љупчо Николовски, пак, истакнал дека во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации ќе се формираат општински изборни комисии, ќе следуваат и Одбори на избирачките места итн.

Поврзани новости