СДСМ: Рано е и за избори и за лидерска средба кај Пендаровски

by Fokus

Мерките за справување со корона вирусот даваат резултати, добро е што се намалува бројот на новозаразени, но додека не се воспостави целосна контрола над здравствената криза, рано е да се размислува и за лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски и за одржување избори, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

„СДСМ е целосно фокусиран на поддршка на институциите, на заштита на јавното здравје, на справување со економските последици од кризата со коронавирусот и на зачувување на работните места. Кога ќе се воспостави целосна контрола над епидемијата и кога општеството и државата ќе бидат подготвени, ќе може да седнеме да разговараме и за одржување на изборите“, – изјави Николовски. 

Според него, СДСМ е фаворит на престојните избори, ама, како што вели, моментно ги има замрзнато сите теренски активности, целосно почитувајќи ги мерките на владата и на здравствените власти.

Поврзани новости