СДСМ: Работниците кои работат во недела добиваат повисоки дневници

by fokus

Недела неработен ден е озаконет проект на Владата предводена од СДСМ кој ги унапредува работничките права. Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од сите работници, а оние осум отсто кои денеска работат добиваат од 50 до 100 отсто повисоки дневници, се вели во соопштението на СДСМ.

Со ова се реализира клучно ветување пред граѓаните дадено пред парламентарните избори во 2020 година, велат од СДСМ и нагласуваат дека со недела неработен ден, се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.

„СДСМ како одговорна државотворна партија продолжува со реализација на мерки политики кои значат заштита на работничките прави и повисок економски стандард за сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Поврзани новости