СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје се уште не се приведени

by Fokus

Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во врска со инцидентите и палењето и кинењето на македонското знаме на неколку места низ земјава при прославата на Денот на албанското знаме. Од СДСМ денеска постави прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Вчера министерот Тошковски лично кажа дека МВР добило безбедносно предупредување дека се можни инциденти. Ако МВР било предупредена како што вели Тошковски зошто полицијата не презела ништо? Зошто не делувала превентивно за ескалација да не се дозволи? Зошто тогаш дозволи да се случи хаос, прашаа од СДСМ.

Од партијата додаваат дека пукачите со огнено оружје среде Скопје се уште не се приведени.

Тошковски вчера информираше дека има уште девет лица кои се лишени од слобода, а дел од нив се малолетници. Вкупно се приведени 17 лица.

Четири малолетници се уапсени во Скопје, од кои двајца биле поврзани со кинење на македонското знаме. Истите помагале на сторителот кој го кине знамето. Двајца малолетници се поврзани со симнување на македонско знаме од јарбол кои подоцна се пали. Три лица се лишени од слобода во Прилеп кои што го сквернават албанското знаме – еден од нив е малолетник, додека двајца се полнолетни.

 

Поврзани новости