Ако на минус 2 Целзиусови степени од струја се отсечени цели региони во земјава и паѓа енергетскиот систем во државата, што ќе се случи при најавените минус 20 степени, праша Атанаско Туневски од СДСМ по проблемите што ги создаде снегот.
– Во 15.00 часот забележани се проблеми во РЕК Осломеј. Колку е сериозна состојбата со оваа електрана говори информацијата дека сите вработени биле повикани на работа со најава дека ќе останат колку што е потребно, поради вонредна состојба. Нешто по полноќ падна Третиот блок на РЕК Битола. Таму јагленовиот систем бил затрупан со нечист јаглен помешан со кал. Но падови на електро системите има во други места низ државата. Не се засегнати само граѓаните на охридско- струшкиот и дебарско – ресенскиот регион, поради откажувања на далекуводите на МЕПСО, за што јавноста е веќе запознаена – рече Туневски.
Според него, одговорноста за ова е кај владата.