СДСМ: Просечната плата надмина 24.000 денари, покачувањето на минималната плата ја откочи спиралата на раст на платите

by Фокус

За првпат во историјата на Македонија просечната нето-плата изнесува над 24.000 денари, соопштија од СДСМ откако Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата во јануари оваа година изнесува 24.025 денари, што е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година кога таа изнесувала 22.750 денари.

„Зголемувањето на минималната плата којашто сега за сите работници изнесува 12.000 денари ја откочи спиралата на раст на плати, а раздвижувањето на економијата дава реално видливи резултати. Ова е уште еден во низата показатели што ги потврдува успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и докажува дека економијата се движи во позитивна насока“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека продолжуваат со спроведување на Планот за економски раст и мерките што обезбедуваат нови работни места, поголема помош за претпријатијата, повисоки плати, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

Поврзани новости