917
Победа, победа! Вака Љупчо Николовски се вклучи од изборниот штаб на СДСМ и проглеси победа на коалицијата „Можеме“.
-На околу 75% на обработени податоци, јасни се две работи. Победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро. ВМРО-ДПМНЕ и скапата бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата „Можеме“ во растечки тренд води со два мандати, истакна Николовски.
Тој појасни дека ја има честа да прогласи победа на СДСМ и на коалицијата.
-После цели 18 години прогласуваме победа на парламетарните избори. Во 1ИЕ со еден мандат, изедначени сме во 3ИЕ со 10-10 и со водство во 6ИЕ. Имаме сигурна победа во Битола, во Куманово, во Центар, во мојата Крива Паланка, Ресен, Крушево, Дебар, Кочани… рече Николовски.