561
Новите информации кои излегуваат во јавноста за случајот кога Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата покажуваат дека незрелото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не престанува, велат од СДСМ.
„Според најновите информации објавени од високи фукционери во МВР, униформирани полицијаци дошле до ресторанот каде седел Мицкоски во обид да го спасат Мицкоски од одговорност. Во обид најверојатно да го одбрани Мицкоски еден од сопствениците тврдел дека снимачот од безбедносните камери бил украден, но по претресот снимачот бил пронајден. Ваков степен на ангажираност за да се прикрие тоа дека Мицкоски ги прекршил забраните докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека неговото тврдење дека не бил доволно запознаен со протоколите е целосно лажно“, соопштија од СДСМ.
Од партијата на Зоран Заев сметаат дека за Мицкоски поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.