Пресудата на Основниот суд Скопје 2 по директива на Груевски е уште еден срам за судството и за Република Македонија, таа е класичен доказ дека нема институции во Македонија и дека сѐ е контролирано од еден центар, премиерот Никола Груевски, реагираше денеска СДСМ на одлуката на судот да го казни Заев со 50.000 евра за клеветење на премиерот.
– Потврда за тоа е одлуката на судот да ја испорача до евро, сумата од 50 илајди евра, што ја побара Никола Груевски. Судската фарса вчера го најави исходот од судењето, чијашто единствена цел беше амнестија на Груевски. Тоа го потврдува неприфаќањето на аудио снимката како доказ. Тоа го потврдудува неприфаќањето на клучниот сведок, Ден Дончев, од кого е добиена снимката и кој лично го води разговорот со Груевски околу продажбата на „Македонска банка“. Тоа го потврдува и фактот што Груевски вчера на конкретно прашање дали гласот на снимката е негов, не одрече, туку се повика на партиско соопштение – велат од СДМС.