622
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 откри дека нема тајни моменти во преговорите со Алтернатива, за зголемување на владиното мнозинство.
„Во преговори сме со сите политички партии, кои што и во четвртокот потврдија дека сакаат земјата да оди напред и со пратениците кои сакаат да одат напред. Станува збор и за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои што сакаат државата да се движи во нагорна линија и кои беа против одлуките за гласање недоверба на владата во четвртокот. Соочени бевме со низа лаги од опозицијата“, соопшти Кузеска.