363
Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе два предлог закони за дефинирање на патните трошоци или престојот на пратениците, информираше денеска на брифинг со новинарите, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.
Предозите предвидуват измени во законот за плати и недоместоци и законот за пратеници. Со предлог законот на СДСМ ќе се ограничи надоместокот со тоа што висината на патните трошоци да изнесува максимум 20 отсто од цената на горивата.
Наплатата според овој предлог закон би се вршела само со фискална сметка која е платена од личната картичка на пратеникот, за да се отстранат како што објасни Тунтев, сите сомнежи дека пратеникот би можел да носи и фискални сметки кои од други лица.