СДСМ: Пратениците на ВМРО -ДПМНЕ да престанат да глумат еколошки месии

by Fokus

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се промовираат како еколошки месии на Дебрца, порачаа денеска преку соопштение од општинската организација на СДСМ од Дебрца.

„Во врска со предлогот на градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за референдумско изјаснување на граѓаните на Дебрца за регионалната депонија, како и писмото на пратениците на ВМРО -ДПМНЕ, Трајко Велјаноски, Илија Димоски и Антонијо Милошоски во кое изразуваат наводна загриженост за Дебрца, сакаме да ги потсетиме дека сега е веќе предоцна  да се промовираат во еколошки месии на Дебрца. Ако сакаа тоа да бидат,  пратениците во изминатите 11 години, а градоначалникот во изминатите четири години, со конкретни дела можеа тоа да го направат“, се вели во соопштението.

Поврзани новости