СДСМ: Пратениците на ВМРО да му се спротивстават на антизападното партиско раководство

by Фокус

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Христијан Мицковски и антизападното раководство на партијата, повикаа од СДСМ.

„Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните да ја следат јасно изразената мнозинска волја на над 80 отсто од граѓаните и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени во Собранието. Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение.

Тоа следува откако ВМРО-ДПМНЕ повика парламентарното мнозинство веднаш да ја стави на гласање точката за отворање на Уставот, за да стане јасно дека немаат двотретинско мнозинство.

Поврзани новости