СДСМ: Повлекувањето на Груевски е државен интерес

by Фокус

По изјавата на Никола Груевски дека однесувањето на опозицијата и прави штета на економијата и на отворањето нови работни места и дека е подготвен за избори во секое време, реагираше СДСМ велејќи дека Груевски, “соочен со неговото заминување од власта очигледно има потреба да ја објаснува сопствената подготвеност да даде сè и да направи сè само да ја сочува својата фотелја”.

За СДСМ повлекувањето на Никола Груевски е државен интерес.

“Лично Никола Груевски и неговите соработници, со криминалното владеење и уништувањето на економијата, демократијата и европската перспектива на земјава се најголемите кочничари за иднината на Република Македонија.

Како предизвикувач на огромните проблеми со коишто се соочуваат Република Македонија и нејзините граѓани, креаторот на политичката и државната криза, Никола Груевски е клучниот дел од проблемот и тој не може да биде дел од решението.

Само повлекување на Никола Груевски и формирање преодна Влада којашто ќе овозможи неопходни услови за организирање на фер и демократски избори може да ја нормализира земјата и да ја врати демократската, европската перспектива на Република Македонија”, вели СДСМ.

 

Поврзани новости