СДСМ: Поскапи цени и поголеми трошоци за живот – дебакл и на новогодишната кошничка

by Fokus

И новогодишната кошничка се покажа целосно промашена. Политиката на власта со кошнички доживеа тотален дебакл, велат од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека „наместо да се намалат цените се зголемија, затоа што власта им остави време и простор на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила“.

„Зејтинот, јајцата, шеќерот, млечните производи, грашокот, гравот и леќата, се е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и маркетите. И официјалните податоци на Државниот завод за статистика потврдуваат дека кошничките се промашување.

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, а цените на основните производи пораснале за 4,3%. Се зголеми и инфлацијата, во декември 2024 година е за 4,4 проценти повисока. Големите трговци се збогатија, а десетици милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните со амин на оваа влада.

Наместо погрешни и промашени политики со кошнички власта треба да ги профати предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ на храната и за зголемување на платите. Само така може реално да се намалат цените и да се подобри животниот стандард на граѓаните“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости