СДСМ: Поради ДПМНЕ 200 доктори годишно го напуштаат јавното здравство и заминуваат во странство

by Fokus

„Доколку навистина се грижеше за здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ ќе работеше на подобрување на статусот на докторите и ќе ги заштитеше правата на пациентите. Но наместо тоа, водејќи се исклучиво од коруптивни и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ изврши егзодус во здравствениот систем, реагира владејачката СДСМ на соопштението испратено од опозициската ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството и правата на докторите и здравствениот персонал. Поради тоа, годишно околу 200 доктори го напуштаа јавното здравство и заминуваа во странство или во приватниот сектор, со што здравствениот систем доживеа целосен крах. Затоа, денеска како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ нема право да провоцира со предлози кои веќе се дел од Програмата на новата Влада – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости