СДСМ поднесе тужба до Управниот суд за одлуката на Државната изборна комисија да го отфрли ветото на заменик министерот за финансии Кире Наумов за задолжување на Владата на домашниот пазар.
– Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност, односно одобрување од страна на дополнителниот заменик министер, се наведува во соопштението од партијата.
Тужбата е поднесена за ненадлежност на стариот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 8 ноември, а одлуката е донесена на 30 ноември, но и поради тоа што таа е „целосно незаконски формулирана“.